Од претседателот Ердоган до светот: Проблемите не можат да се решат со нивно изоставување од вид

by Administrator

(Дубаи – Портал) – Претседателот Ердоган истакна дека проблемите не можат да се решат со нивно изоставување од вид и рече: „Не можеме да се спасиме од проблемите, бегајќи, криејќи се од нив и со нивно прикривање“.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска говореше на итниот состанок на Извршниот комитет на Организацијата за исламска соработка (ОИС) на ниво на министри за надворешни работи, што се одржува во Истанбул.

Ердоган истакна дека од растечкиот културолошки расизам се оштетени и евреите, африканците, луѓето по потекло од Азија и Ромите, а не само муслиманите, при што ги повика сите да презентираат јасен став против расизмот.

Осврнувајќи се на терористичкиот напад на двете џамии на 15 март, во петокот за време на џума намаз (петочната молитва) во Нов Зеланд, Ердоган во својот говор порача дека не може да се размисли Организацијата за исламска соработка (ОИС) да остане индиферентен пред настани кои што се закануваат на иднината на исламскиот свет и на целото човештво.

„Свирепото убиство на 51 наш брат (шехиди) кои беа собрани за џума-намаз и ранувањето на 47 од нив никако не може да се смета како обичен инцидент. Овој случај е одраз на еден  гнев, една злоба, опсесија и омраза, што не може да се порекне, а чии корења се длабоки. Од растечкиот културолошки расизам се оштетени и евреите, африканците, луѓето по потекло до Азија и Ромите, а не само муслиманите. Треба јасно да го изнесеме нашиот став, за да не се доживеат уште еднаш слични болки, за да не би биле претворени во езеро од крв џамиите.“ – порача Ердоган.

Нагласувајќи го тоа дека проблемите не можат да се решат со нивно изоставување од вид, претседателот Ердоган рече: „Не можеме да ги излечиме социјалните болести со нивно игнорирање. Не можеме да се спасиме од проблемите, бегајќи, криејќи се од нив и со нивно прикривање. Прашањата кои што ние се закануваат нам и на целото човештво, не би можеле да ги изоставиме од вид со молчење. Спротивно на тоа се додека ние ги изоставуваме од вид, проблемите ќе се намножат, ќе се зголемат.“

„Исто како и ДЕАШ, Еш-Шебаб, сепаратистичко-терористичката организација ПКК, и неонацистичките организации треба да се сметаат за терористички структуирања“, истакна претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и го додаде следното: „Моментално се соочуваме со отворено непријателство кон исламот. Ова прашање веќе е излезено од тоа да е прашање само на политиката, граѓанските организации, само на академските трудови, институциите за истражување. Оваа закана веќе е прашање и на безбедносните служби, државниците и на обичните луѓе.“

Mahir Demişoski

You may also like