(ОБНОВЕНО) ФОТО: Емиратите и официјално ја отворија својата амбасада во Дамаск

by Administrator

Обединетите Арапски Емирати отворија амбасада во Дамаск која беше затворена во 2011 година на почетокот на војната во Сирија.

Министерството за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати денеска и потврди ова вест за државната новинска агенција на емиратите (WAM) дека амбасадата во Дамаск ја започна својата работа.

Локалните медиуми известуваат дека во тек е реновирањето на зградата на амбасадата и дека церемонијата на отворање ќе биде организирана наскоро.
Режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад минатиот месец ги повика арапските сојузници да ги отворат амбасадите во Дамаск.

You may also like