Обид за државен удар во САД ? Приврзаниците на Трамп упаднаа во Капитол

by Administrator

Демонстрантите кои го поддржуваа претседателот во заминување Доналд Трамп упаднаа во Капитол, принудувајќи го Конгресот да го прекине процесот на потврдување на резултатите од претседателството.

Група приврзаници на претседателот во заминување влегоа во салата на статуите  во Капитол, седиштето на Конгресот на Соединетите држави каде се одвива процесот за потврдување на победата на Џо Бајден на претседателските избори на 3 ноември, спренесува Си-Ен-Ен.

Демонстрантите маршираа низ заштитните бариери поставени околу зградите на Конгресот. Полицијата употребува солзавец и шок бомби, неколку лица биле повредени.

https://youtu.be/QzMrrD6m3dI

You may also like