Неуспешен обид за атентат со дрон: Ирачкиот премиер неповреден во неговата резиденција во Багдад

by Administrator

Ирачкиот премиер Мустафа ал Каземи ноќеска се извлекол неповреден во нападот со беспилотно летало врз неговата резиденција во Зелената зона во Багдад, соопшти неговиот кабинет.

Премиерот Ал Казими не е повреден во обидот за атентат со беспилотно летало наполнето со експлозив во ноќта меѓу саботата и неделата, соопшти неговиот кабинет.

Цел на нападот била резиденцијата на премиерот во Зелената зона во Багдад, каде се наоѓаат владини згради и странски амбасади.

Два безбедносни извора претходно за француските медиуми потврдија дека резиденцијата на премиерот била погодена од „ракета“, додека приврзаниците на проиранските групи мирно протестираа на влезот во Зелената зона против резултатите од предвремените парламентарни избори на 10 октомври.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Nova Tv

You may also like