НАЈДОБАР НА ПАЗАРОТ: Представен новиот Турски воен хеликоптер Gokbey

by Administrator

Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган денес во Анкара изјави дека турските вооружени сили ќе започнат во следните неколку дена операција против терористите на источниот брег на Еуфрат во северна Сирија, пренесе агенцијата Анадолу (АА).

– Рековме и денес повторувам дека во следните неколку дена ќе започне операција за ослободување на источниот брег на Еуфрат од сепаратистичките терористички организации – изјавил Ердоган на самитот на Турската одбранбена индустријата во Анкара.

Ова е регион кој е под окупација на терористичка организација YPG / PKK, која ужива поддршка од САД, а Ердоган денес истакна дека е јасно дека целта на американските набљудувачи и радари во тој регион не е да заштитува некого од треористи, туку да ги заштитува терористите од Турција.

Тој, исто така, рече дека САД ветија дека ќе го одземат целото оружје кое им го даде терористите на ЈПГ / ПКК по завршувањето на заканата од терористите на ИСИС. Додал и тоа дека истите ќе бидат одстранети и од Манбиј, и дека Турција тоа ќе го стори.

Целите на нашата операција, источно од Еуфрат, во никој случај не се американските војници, туку терористите кои дејствуваат таму “, истакнал Ердоган.

Турција во двете претходни операции “Штитот на Еуфрат” и “Маслинова гранка” го ослободи поширокото подрачје кое се наоѓа во северниот и северозападниот дел на Сирија окупирана од терористите YPG / PKK.

Турскиот претседател Ердоган истакна дека таа земја, и покрај сè, Америка ја гледа како стратешки сојузник со кој во иднина ќе може заеднички да чекори, под услов ако се пронајде вистинскиот пат.

– Не би требало да дозволиме длабоки разлики во политиката на Сирија на кое гледаме како круцијално прашање, да биде препрека за нашата сопствена голема соработка во иднина “, рече Ердоган.

Во обраќањето до учесниците на Самитот во Националниот конгрес и Центарот за култура Бестепе, Ердоган рекол дека Турција моментно спроведува вкупно 650 проекти за одбранбена индустрија во вкупен износ од 60 милијарди долари.

– Со исчекорите кои ги направивме во текот на изминатите 16 години остваривме голем напредок и ја покрена земјата на многу повисоко ниво “, рече Ердоган на Самитот на турската одбранбена индустрија во Анкара.

Тој му издал наредба до раководството на сите турски одбранбени институции без потреба да не увезуваат никакви странски производи.

-Турција може да развие и да ги задоволи сите стратешки потреби на одбранбената индустрија и ние нема да запреме додека не го постигнеме тоа. Касирга, Бора, Сом и слични проектили влегуваат во фазата на сериско производство, а работиме и на нови модели.Нашата цел е да произведеме далекусежни проектили.Ќе направиме и голем чекор напред кога станува збор за проектили со голем дострел. Завршени се тестирање во рамките на тој проект, кој ќе ја воведе Турција во повисока лига – порачал Ердоган.

Ердоган денеска откри дека новиот турски воен хеликоптер од општа намена ќе го носете името “Gokbey”.

-Доколку имате само пари од природни ресурси и трговија, а не успевате да се постигне одредено ниво на развој на одбранбената индустрија, тие пари не можат да бидат гаранција за слободата – истакнал Ердоган.

Турската воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАС) денес го претстави Турскиот воен хеликоптер Т615, кој исто така го доби и новото име “Gokbey”.

Станува збор за хеликоптер кој успешно ги извел првите летови на 6-ти септември.

Новиот хеликоптер беше произведен од сопствени капацитети на ТУСАС и од поддршка од турското Министерство за одбрана.

За време на успешниот тест лет, пилотите, исто така, извршија маневри кои овој хеликоптерот го ставаат во ранг на престижни летала од ваков вид во меѓународните рамки.

Тоа е повеќенаменски хеликоптер, кој може да се користи во воени и цивилни цел. Припаѓа на најдобрите на пазарот, особено поради тоа што има способност за брзи и ефикасни полетувања, маневарски спушања на високи надморски височини и температури, без оглед на временските услови и сложеноста теренски конфигурации.

Во следната фаза, ново произведениот хеликоптер треба да помине низ процедурите сертификација и квалификации, а предвидено е да биде најмалку за две година да влезе во употреба. ТУСАС претходно го стави својот потпис на големите проекти како што се беспилотни АНКА и хеликоптер АТАК.

Работеше и на низа на голем број проекти за водечките светски авио компаниите, како што се Boeing, Airbus, Lockheed Martin, Northrop Grumman, Bombardier и Leonardo.

You may also like