Надал уште еднаш подобар од Медведев

by Administrator

Рафаел Надал го победи Данил Медведев во полуфиналето на турнирот во Акапулко, но рускиот тенисер нема многу причини да жали.

Данил Медведев од задутре ќе биде прв тенисер на светот, и тоа до 14. март кога ќе му бидат одземени бодовите од турнирот во Марсеј. Тогаш на една недела на првото место на АТП ранг-листата ќе се врати Новак Ѓоковиќ, а потоа сè ќе зависи од резултатите на Медведев на мастерсот во Индијан Велс бидејќи српскиот тенисер нема да смее да настапи бидејќи не е вакциниран.

Надал во полуфиналето по два часа игра со 6:3,6:3 го победи Медведев. На Шпанецот му беа доволни по еден брејк во двата сета, додека во вториот сет на свој сервис спаси 11 брејкт топки.

Противник на Надал во финалето во Акапулко ќе игра против Камерон Нори кој во второто полуфинале беше подобар од Стефанос Циципас со 6:4,6:4 за 79 минути игра.


Sloboden pecat

You may also like