Муезин заплакал додека ги повикувал верниците намазот наместо во џамија да го извршат дома

by Administrator

Муезин кој денес во една џамија во Кувајт започнал да проучува езан почнал да плаче додека ги повикувал верниците да се молат, но наместо вообичаеното, во џамијата, овој пат, тој им го објави времето за молитва (намаз) што треба да го извршат во нивните домови.

Ова е невообичаена практика, ама причина е оијавата на коронавирус и напор да се заштити населението од опасностите по нивното здравје.

Видеото е објавено од професорот по исламска наука и мотивациски говорник, Имам Омар Сулејмани на неговиот профил на Фејсбук.

„Знам дека е тешко за луѓето, ама ако Бог даде можеме да го надминеме и ова и заедно да имаме благословен Рамазан“, истакнал Сулејмани.

Голем број на луѓе го коментираа ова видео, а имаше и прашања за тоа дали е дозволено да се модифицира содржината на езанот.

https://www.facebook.com/imamomarsuleiman/videos/2348721858753238/?t=0

You may also like