Момче со една нога во Турција се искачи на планината Текелти

by Administrator

Четиринаесетгодишното момче Мухамед Арман од Турција со планинари се искачи на планината Текелти која се наоѓа на надморска височина од 2.450 метри.

Мухамед Арман од турскиот град Игдир се заинтересирал за планинарење откако гледал документарен филм во кој маж, планинар, без двете нозе се искачува на планина висока 8.163 метри на Хималаите. Мухамед е момче со попреченост, иако без нога решил и тој да оди на планинарење. Својот сон го живее благодарение на планинарскиот клуб.

Спортистите и членовите на планинарскиот клуб Мурат Учач, Мехди Акгун и Умит Сонмез отишле да го земат Мухамед и го однеле во подножјето на планината, каде што се подготвувал да се упати кон врвот. Посочувајќи дека за прв пат се искачил толку високо, Арман бил многу среќен и ја споделил својата среќа со другите планинари. – Денеска беше највозбудливиот ден во мојот живот.

„Јас сум на врвот на највисоката планина на која сум се искачил“, изјави момчето Мухамед и рече дека неговата следна цел е да се искачи на планината Арарат.

TRTHaber

You may also like