Мета заради политичките тензии, ги откажа локалните избори во Албанија

by Administrator

Албанскиот претседател Илир Мета ги откажа планираните локални избори во таа земја, наведувајќи ја потребата од намалување на политичките тензии во Албанија. Мета изјави дека донел таква одлука бидејќи “постојните околности не ги нудат потребните услови за вистински, демократски и репрезентативни избори” на 30-ти јуни. Илјадници поддржувачи на албанската опозиција вчера протестираа повторно во Тирана, чии улици беа поплавени со чад и солзавец. Опозицијата предводена од Демократската партија на десниот центар ја обвини левичарската влада на Еди Рама за врски со организираниот криминал и местење на избори. Владата го негира ова обвинение. Лидерите на опозицијата бараат предвремени парламентарни избори, а САД и Европската унија ги повикуваат да се откажат од насилни протести и да се свртат кон дијалог со владата.

You may also like