МВР: Санкционирани 119 лица, кои возеле под дејство на алкохол

by Administrator
Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден спроведе зајакнати акциски контроли во сообраќајот на територијата на државата, при што се санкционирани 119 возачи кои управувале автомобил под дејство на алкохол.
Од МВР информираат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, стои во соопштението од МВР.


„Nova“ Tv

You may also like