МВР на Турција: За една недела се неутрализирани 44 терористи на ПКК

by Administrator

Во реализираните операции за воспоставување на безбедноста внатре во земјата во последната една недела се неутрализирани 44 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Министерството за внатрешни работи објави соопштение во врска со реализираните операции внатре во границите на земјата во последната една недела во периодот од 30 јули до 6 август.

Според соопштението на министерството за внатрешни работи, во операциите се неутрализирани 44 терористи (25 мртви, 10 живи, 9 предадени) од кои 5 мина високорангирани припадници на терористичката организација ПКК.

Освен тоа во реализираните операции во Ерзурум, Хаќќари и Адијаман се доведени во неупотреблива состојба и вкупно 3 засолништа, скривници и пештери, се запленети голем број парчиња тешко и автоматско оружје и муниција за истите, а се уништени и 66 килограми експлозивни материјали, 7 експлозивни направи од рачна изработка и мини.

You may also like