2
Македонскиот борач Бесир Алили стана европски шампион во категоријата слободен стил до 48 килограми, на континенталниот шампионат во Фиренца за учесници до 17 години.
Младиот Алили беше подобар од Оскар Кулчицки (Полска), Андреј Витан (Молдавија), Лука Гугешашвили (Грузија) и од Хатрјун Ховханисјан (Ерменија) со 7-6 во финалето, на патот до златниот медал.
Алили е извонредно талентиран млад борач за кој се предвидува дека може да ја врати славата на македонското борење.
Извор:НоваТВ
