Локални избори во Словенија

by Administrator

Во Словенија денеска се оддржуваат локални избори.

Секаква политичка пропаганда насочена кон убедување на гласачите да поддржат партии или кандидати е забранета до затворање на избирачките места во недела во 19 часот, објави СТА. За време на предизборниот молк, забрането е објавување огласи или други форми на политичка пропаганда чија цел би била да се влијае врз гласачите во медиумите, на билборди и политички митинзи.

На секој изборен циклус во Словенија се пријавуваат десетици случаи на прекршување на изборниот молк, но тие се минорни, додека за огромното мнозинство се покажува како неоправдано.

На локалните словенечки избори кои се оддржуваат денес право на глас имаат околу 1,7 милиони гласачи, пренесе словенечката агенција. Неодамна во Словенија се одржаа претседателски избори, каде земјата ја доби првата жена претседател – адвокатката Наташа Пирц Мусар (54).

You may also like