Лице од струшки Теферич пронајдено мртво кај реката Сатеска

by Administrator

Во близина на мостот на реката Сатеска, во патничко моторно возило „БМВ“ со струшки регистерски таблици, на задното седиште, вчера бил пронајден починат 63-годишниот Н.С. од струшкото село Теферич.

– На местото на настанот, извршен е увид од страна на увидна екипа од Полициската станица Струга, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид /ohridpress/фото: архива

You may also like