Ле Пен бара забрана за хиџаб; истражувањето покажува дека е многу близу до Макрон

by Administrator

Лидерката на француската крајнодесничарска партија Марин Ле Пен во петокот повика на забрана за носење хиџаб на јавни места, додека неодамнешната анкета покажува дека, во вториот круг од изборите против актуелниот претседател Емануел Макрон, трката ќе биде крајно неизвесна. „Сметам дека хиџабот е исламистичка облека“, им изјавила на новинарите Ле Пен, предлагајќи забрана за „исламистички идеологии“ кои, според нејзиното мислење, се „тоталитарни и убиствени“, пишува АФП.

You may also like