Роџер Вотерс, еден од најпознатите музичари во светот и основач на култната група Пинк Флојд, ја поддржа фудбалската репрезентација на Палестина откако го загуби квалификацискиот натпревар за СП 2026 од соседот Јордан со 3:1.
Легендарниот автор е еден од најжестоките критичари на Израел поради апартхејдот и воените злосторства што ги врши врз палестинскиот народ и поради тоа одбива да свири во оваа блискоисточна земја.
Lions Of Canaan
Your Day Will Come
A Free #Palestine
From The River To The Sea
✊🏼🇵🇸🕊 pic.twitter.com/0PApLqZFpK— Roger Waters ✊ (@rogerwaters) September 10, 2024
„Ќе дојде ден кога ќе играте домашни натпревари на националниот стадион во слободна Палестина, а јас ќе бидам таму да навивам“, рече Вотерс, завршувајќи го своето видео со зборовите „слободна Палестина – од реката до морето“.
