Критично по живот во северните региони на Босна и Краина

by Administrator

Федералниот хидрометеоролошки завод во Сараево издаде портокалов метеоаларм за северните региони на Босна и Краина, каде што денеска се очекува невреме со дожд и грмотевици, а на некои места и град.

Во останатите региони на Босна и Херцеговина на сила е жолт метеоаларм.

Портокаловиот метеоаларм се издава како предупредување од невреме кое може да предизвика штета и опасност по човечките животи.

Пред еден месец во близината на босанскиот град Прњавор, во месноста Отпочиваљка 11 годишно девојче загина од удар на гром.

Изминативов месец силно невреме погоди и делови на Хрватска, Словенија и Србија.

Хрватскиот град Ријека и неговата околината беа погодени од невреме проследено со град и силен ветер. На повеќе места има и поплави.

Словенија пак ја зафати невреме со град, незапамтено досега. Градот со големина на тениско топче пустосеше се’ пред себе. Најмногу штети биле пријавени во местото Чрномељ.

You may also like

Leave a Comment