Косово прогласи вонредна состојба во јавното здравство, поради коронавирусот

by Administrator

Косовската влада синоќа на телефонска седница го прифати барањето на министерот за здравство Арбен Витиа да прогласи вонредна состојба во јавното здравство поради коронавирусот. Одлуката ги обврзува институциите да дејствуваат во согласност со планот за вонредни состојби.

Вчера на Косово биле откриени уште четворица заразени со што вкупниот број е зголемен на девет.

You may also like