Косово: Верници клањаа во центарот на Приштина, во знак на протести поради неотворањето џамиите за Бајрам

by Administrator

Во знак на протест против континуираното затворање на џамиите во косово нпоради корона вирусот, група муслимани клањаа икиндија намаз на отворено на главниот плоштад Скендербег во Приштина.

Џамиите се затворени во Косово од 14-ти март, еден ден откако беа регистрирани првите два случаи на Ковид-19 во земјата.

Организаторите на изјавата на Фејсбук соопштија дека не сакаат проблемот да се политизира.

„Нека Аллах ни дозволи да ги отвориме џамиите што е можно поскоро“, рекоа тие.

Пред клањањето на отворено, организаторите ги повикаа верниците да се придржуваат кон мерките за превенција на Ковид-19, барајќи од нив да носат заштитни маски и нараквици, како и да одржуваат социјални растојанија.

Balkaninsight

You may also like