1
АНКАРА (AA) – Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу го коментираше можното воведување на американски санкции на Турција и порача дека членовите на Конгресот на Соединетите Американски Држави (САД) треба да сфатат дека со наметнување не можат да постигнат ништо, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу рече дека, во случај САД да донесат некоја одлука за санкции на Турција, на дневниот ред би можеле да се најдат и прашањата за Инџирлик и Куреџик.
AA / Dubai-Portal