Кичеец утринава влезе во затворот во Струга, но наскоро ќе може и да излегува и да оди на работа

by Administrator

Зоран Милевски Кичеец утринава влезе во затворот во Струга. Тој неодамна доби упатен акт со денешен датум, по што утринава самиот пристигнал во затворот, каде ќе одлежи помалку од 3 години.

Бидејќи затворот во Струга е од отворен вид, многу е веројатно Кичеец само две недели да биде по 24 часа во затворот, а потоа доколку е работно ангажиран, да му биде дозволено да оди на работа, а по завршувањето на работното време повторно да се враќа во ќелија.

Fokus

You may also like