Киев поднесе обвинение против Кадиров: го обвинуваат за воени злосторства

by Administrator

Службата за безбедност на Украина (СБУ) поднесе обвинение за наводни воени злосторства против шефот на Чеченската Република, Рамзан Кадиров.

Како што јави Независне, повикувајќи се на Танјуг, СБУ на својот канал Телеграм објави дека собрала „безусловни докази за воените злосторства извршени од Рамзан Кадиров“, пренесе ТАС.

Покрај лидерот на Чеченија, се додава, собрани се и докази за воени злосторства извршени од заменик-шефот на одделот на руската Национална гарда за Чеченија Даниил Мартинов и еден од командантите на Националната гарда Хусеин Межидов.

Нулта точка

You may also like