Канада: Вакцината на АстраЗенека суспендирана за лицата под 55 години

by Administrator

ТОРОНТО (АА) – Канада ја суспендираше употребата на вакцината против Ковид-19 на АстраЗенека, развиена од Универзитетот Оксфорд, кај лицата под 55-годишна возраст, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Потпретседателката на канадскиот Национален советодавен комитет за вакцини (NACI), д-р Шели Дикс, истакнувајќи дека е суспендирана употребата на вакцината од АстраЗенека кај лицата под 55-годишна возраст, рече дека одлуката е донесена поради „значителна несигурност“ во врска со случаите на тромбоцитопенија предизвикани од вакцината кај лицата со ниски тромбоцити.

Наведувајќи дека одлуката е донесена како „мерка на претпазливост“, Дикс додаде дека одлуката се заснова на извештаите од Европа во врска со многу ретки случаи на згрутчување на крвта кај некои вакцинирани лица, особено кај млади жени.

Германија, Италија, Франција, Шпанија, Холандија, Ирска, Норвешка, Данска, Исланд, Романија, Италија и Бугарија на почетокот на овој месец привремено ја прекинаа употребата на вакцината од АстраЗенека.

Употребата на вакцината на АстраЗенека е суспендирана во повеќе од 20 земји под сомнение дека предизвикува згрутчување на крвта. Од друга страна, Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека вакцината е „безбедна и ефикасна“.

You may also like