Амбасадорот на Светското првенство во Катар, Калид Салман, две недели пред почетокот, во изјава за германскиот јавен сервис ЗДФ ја окарактеризира хомосексуалноста како грев. Во интервјуто за документарниот филм наречен „Тајниот Катар“ тој рече дека „многу работи ќе дојдат во неговата земја“ и почна да зборува за хомосексуалците.
Поранешниот фудбалер додаде дека сите ќе можат да дојдат во Катар, но дека ќе мора да ги почитуваат правилата на земјата.
„Имам проблем, пред се, што децата ќе гледаат хомосексуалци. Ќе научат нешто, што не е добро.
Хомосексуалноста е харам (грев) и е забранета“, подвлече Салман. Тој смета дека хомосексуалците имаат „ментален проблем“.
Потоа, портпаролот на СП го заврши интервјуто, велат од ЗДФ пред денешното емитување на таа изјава. Хомосексуалноста е забранета во Катар и може да се казни со седум години затвор.
