55
Добитникот на италијанската лотарија „Суперенало“ ја освои наградата од 209 милиони евра, што е рекорд на таа игра на среќа.
Шесте синоќа извлечени броеви за џекпотот се 7, 32, 41, 59, 75 и 76. Тикетот од две евра бил платен во едно кафулето Лоди, во близина на Милано.
Добитната шестцифрена комбинација на италијанското лото не е извлечена од јуни 2018 година.
Претходниот рекорд беше забележан во октомври 2010 година, кога наградата беше 177 милиони евра.
