Ирачкиот претседател Салих приквечер во Истанбул ќе се состане со претседателот Ердоган

by Administrator

Шефот на одделот за комуникации во кабинетот на претседателството Фахреттин Алтин соопшти дека ирачкиот претседател Бархам Салих денеска во вечерните часови во Дворецот Вахдеттин во Истанбул ќе се состане со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Ирачкиот претседател Бархам Салих денеска ќе допатува во работна посета на Турција.

Шефот на одделот за комуникации во кабинетот на претседателството Фахреттин Алтин соопшти дека ирачкиот претседател Бархам Салих денеска во вечерните часови во Дворецот Вахдеттин во Истанбул ќе се состане со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Алтун на својата сметка на социјалната мрежа Твитер сподели објава во врска со денешната посета на ирачкиот претседател Бархам Салих на Турција во која напиша: „На средбата ќе се разговара за билатералните односи и регионални прашања. По средбата почитуваниот претседател и неговата ценета сопруга Емине Ердоган ќе приредат ифтарска програма во чест на почитуваниот Бархам Салих и неговата уважена сопруга.“

You may also like