Иран: Егзекутирани четири лица поради соработка со Мосад

by Administrator

Во Иран денеска беа егзекутирани четири лица осудени за соработка со израелската разузнавачка агенција Мосад, објави агенцијата Фарс.

Иранските медиуми претходно објавија дека четворица мажи се осудени на смрт за, како што се наведува, злосторство соработка со разузнавачките служби на ционистичкиот режим и киднапирање.

Уште три лица се осудени на затворски казни од пет до 10 години за сторени кривични дела дејствување против националната безбедност, помагање во киднапирање и недозволено поседување оружје.

Иран постојано го обвинуваше Израел дека спроведува тајни операции на негова територија. Техеран неодамна ги обвини Израел и западните разузнавачки служби дека подготвуваат граѓанска војна во Иран.

(Vijesti.ba / Срна)

You may also like