30
Ирак ќе го суспендира извозот на сурова нафта во Иран од нафтеното поле во северниот дел на Киркук, со цел да ги почитува санкциите наметнати на Техеран од страна на САД, изјавија извори запознати со операциите за извоз на нафта во Ирак.
Неименувани извори за Ројтерс изјавија дека Ирак во моментов со камиони во Иран извезува дневно по извезува помалку од 30.000 барели.
Известено е дека поранешната ирачка влада во средината на октомври се согласила со курдската регионална влада да продолжи со испорака на сурова нафта до турското пристаниште Џејхан преку ирачкиот Курдистан.
Извори додаваат дека договорот мора да биде одобрен од новиот ирачки премиер и министерот за енергетика, известува Радио Слободна Европа.
Извор:(Vijesti / ФЕНА)
