Ирак: Експлозии во воената база во која се наоѓаат сили на Хашди Шаби и полициски сили

by Administrator

Две експлозии се случија во во воената база во ирачкиот главен град Багдад, во која се наоѓаа сили на Хашди Шаби и полициски сили, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку писмено соопштение ја потврди Безбедносната медиумска мрежа при ирачката Влада.

Во ова соопштение не се дадени информации во врска со изворот на експлозијата.

Се вели дека се преземени интензивни безбедносни мерки во околината на оваа воена база која се наоѓа во југозападниот дел на Багдад.

На социјални мрежи се обајвени моментите на експлозијата во воената база Сакар во која се наоѓаат елементи на Хашди Шаби како и полициски сили.

Anadolu

You may also like