Ирак: Во самоубиствен напад загинаа 28 лица, а ранети се 73 лица

by Administrator

Во самоубиствениот напад во центарот на ирачкиот главен град Багдад загинаа 32, додека повредени се 110 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во писменото соопштение на Командата за операции во Багдад при Владата на Ирак се наведува дека одекнала експлозија во Багдад како резултат на самоубиствен напад изведен на плоштадот „Тајаран“.

Ирачките власти во текот на денот соопштија дека на истиот плоштад се случиле две експлозии.

Во експлозијата загинаа 32 лица, додека 110 лица се повредени.

Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.

You may also like