„Индипендент“: ПСЖ спрема историски договор за Мбапе, близу 1 милион фунти неделно

by Administrator

Килијан Мбапе размислува за новиот предлог на Пари Сен Жермен, да стане најплатениот играч во светскиот фудбал. Се очекува да му биде понудено нов договор од ПСЖ (за да го запре преселбата на Реал Мадрид), вреден близу еден милион фунти неделно, со што Французинот би станал најплатен играч во светот, тврди „Индипендент“.

Доколку се потврди, ова би била стратосферска бројка: 52 милиони фунти по сезона или околу 62 милиони евра годишно.

Францускиот клуб ја разбира важноста на 23-годишниот играч за нивниот проект, како можеби најдобар играч во светот во следната деценија,  е подготвен да понуди договор кој се уште не е виден во фудбалот.

You may also like