Судот во Турција го осуди американскиот свештеник Ендрју Крег Брунсон на три години, еден месец и 15 дена затвор, но во исто време укинати му се мерките на забрана, домашен притвор и напуштање на земјата, со што Брансон излегува на слобода, јавува агенцијата Анадолу (АА).
Во Измир, денс продолжено беше судењето на американскиот свештеник Ендрју Крег Брунсон, кој е обвинет за поддршка и помагање на терористичките организации и негова поврзаност со нив.
Брунсон присуствуваше на денешната расправа пред вториот кривичен суд во Измир. Во овој случај, Обвинителот испрати барање за укинување на мерките за забрана, како и казнување на обвинетиот во согласност со членовите 314/3 и 220/7 од Кривичниот законик на Република Турција.
Рочиштетот во Измир го следеа сопругата на Брунсон, Норина, представник на американската амбасада во Анкара, Џефри М. Ховниер, бројни званичници, претставници на црквата и бројни претставници на домашни и странски медиуми.
Адвокатот на Брунсон, Исмаил Цем Халавурт, изјавил дека неговиот клиент се придржувал на изречените мерки за забрана, кои претходно му беа изречени. “Имаме сведоци, и бараме тие да бидат сослушани”, изјавил адвокатот Халавурт, но судијата го одбил барањето.
Судскиот совет потоа дозволил Брансон да зборува со адвокат.
“Одбраната у ја препуштам на адвокат, јас сум невин човек, барам ослободување, одбраната му ја препуштам на адвокатот, го сакам Исус, ја сакам Турција”, изјавил Брусон.
По кратка пауза, судењето продолжи и судијата ја прочита одлуката на Судскиот совет, според која Брунсон беше осуден на три години, еден месец и 15 дена во затвор, според членот 220/7 од Кривичниот законик на Република Турција. На Брунсон исто така муе укината мерката на забрана, домашен притвор и напуштање на земјата, со што станал слободен.
Ендрју Крег Брансон беше уапсен на 9 декември 2016 година и оттогаш беше во притвор. Тој е обвинет за делување и шпионажа во корист на терористичките организации ПКК и Фетулах (ФЕТО).
На барање на Обвинителството, Судот во Измир изрекол мерка притвор за време на судењето на 18 јули, но поради здравствени проблеми мерката била претворена во домашен притвор.
Обвинението издадено од страна на обвинителството во Измир тврди дека Брунсон бил во контакт со членовите на терористичката организација ФЕТО.
