Израелските безбедносни служби, изразија страв од оживување на северниот огранок на Исламското движење (Islamic Movement) во земјата, предводен од затворениот шеик Раид Салах (Raed Salah). Движењето беше забрането од окупаторската држава, пред шест години, пишува „MEMO“, пренесува „Dubai-Portal“.
Според „Quds Press“, локалните медиуми објавиле дека лидерите на јужниот огранок на движењето, кои се дел од израелската владина коалиција, неодамна изразија симпатии со северниот огранок. Ова уследи по протестот на солидарноста за поддршка на населбите во Ерусалим (Jerusalem), џамијата Ал-Акса (Al-Aqsa) и Појасот Газа (Gaza Strip) во мај. Во тоа време беа приведени неколку водачи на северниот огранок, вклучувајќи го и заменик-шефот на Исламското движење, шеикот Кемал ал-Хатиб (Kamal Al-Khatib).
„Israel Hayom“ ја наведе посетата на Мансур Абас (Mansour Abbas), шефот на јужниот огранок, на протестот организиран од северниот огранок, против притворањето на шеикот Ал-Хатиб, како доказ за приближувањето на двете гранки.
Весникот цитираше и објава на социјалните мрежи од шеикот Мухаммед Саламех Хасан (Mohammad Salameh Hassan) од јужниот огранок. „Сите Палестинци се обединети од реката до морето, сè додека не заврши окупацијата“, рече тој.
Според весникот, разликата помеѓу двете гранки е нивниот различен пристап за учество на изборите во Кнесетот. Јужниот огранок се согласи во 1996 година, додека северниот огранок одби такво учество.
„MEMO“
„Dubai-Portal“
