Израел: Над 12.000 војници ставени во карантин, поради страв од „можна инфекција од корона вирусот“

by Administrator

Израелската војска вчера соопшти дека над 12.000 војници биле под карантин, плашејќи се од „можна инфекција од коронавирусот“.

Во официјалното соопштение, војската забележа дека „568 војници биле заразени од вирусот од февруари месец“.

Стапката на инфекција кај израелските војници, наводно, значително се зголемила од почетокот на јуни, откако Израел бил погоден од втор бран на болеста.

Израелското Министерство за здравство неодамна објави дека вкупно 38.670 Израелци биле заразени со вирусот, од кои 362 починале.


„MEMO“

„Dubai-Portal“

You may also like