Од денес, кафулиња и ресторани, сали, спортски објекти, хотели и училишта можат да работат нормално, со некои ограничувачки мерки при влегување и користење на капацитетот, пишува АП.
Израелската влада одобри олеснување на мерките во саботата вечерта, вклучително и отворање на главниот меѓународен аеродром, но само ограничен број патници можат да дојдат за еден ден. Вечера во ресторани, бројни активности во јавноста, се дозволени за луѓе кои биле вакцинирани против КОВИД-19. Во Израел досега 52 проценти од населението примило барем една доза од вакцината, а скоро 40 проценти примиле втора доза од вакцината Пфајзер.
Израел досега потврдил најмалку 799 000 случаи на инфекција со КОВИД-19 од почетокот на пандемијата, а починале 5.856 лица, соопшти Министерството за здравство, пренесува Ал Џезира.
(Вијести.ба / ФЕНА)
