Израел гради 650 нови стамбени единици на окупираниот Западен брег

by Administrator

Во вторникот, Израел ги објави плановите за изградба на 650 нови станбени единици во централната зона на Западниот Брег, пренесе агенцијата Анадолу (АА).
Според израелскиот весник “Израел Хајом”, ќе се градат нови станбени единици во еврејската населба Беит Ел, која се наоѓа во близина на градот Рамалах на Западниот брег.

Новите единици, наводно, се наменети за еврејски имигранти кои претходно биле евакуирани од нелегални населби во другите делови на Западниот брег.

Според палестинските извори, повеќе од 700.000 еврејски имигранти моментално живеат во 196 населени места (изградени со одобрување од израелската влада) и повеќе од 200 населени места (изградени без одобрение) во областа на окупираниот западен брег.

Израелската политика поврзана со изградбата на еврејските населби се смета за главна пречка за продолжување на мировните разговори меѓу Палестина и Израел, кои се прекинати во 2014 година.

Извор:vijesti

You may also like