28
Малолетен Палестинец им подлегнал на повредите со се здобил при пукањето на израелската војска во местото Џенин на Западниот Брег, соопшти во понеделник Министерството за здравство.
Калил Самуди (12) се вели дека бил застрелан за време на рацијата на израелските сили во Џенин во саботата, но починал од раните во понеделникот. Во нападот се повредени 11 Палестинци, а тројца се во тешка здравствена состојба. Според палестинските податоци, најмалку 115 Палестинци се убиени на Западниот Брег оваа година.
