Израелската полиција уби палестинско момче, на медицинските лица не им било дозволено да дојдат до него

by Administrator

Израелската полиција уби малолетник Палестинец во окупираниот Источен Ал Кудс (Ерусалим) под обвинение дека наводно се обидел да изврши напад со нож во близина на илегална еврејска населба, јавува Анадолија.

Израелската полиција соопшти дека 14-годишен Палестинец се обидел да изврши напад со нож во близина на еврејската населба Маале Адумим додека израелски полицаец се обидувал да му ја провери личната карта.

Во соопштението се наведува дека полицијата отворила оган и го неутрализирала палестинското момче.

Палестинската новинска агенција ВАФА објави дека 14-годишниот Вади Увејсат починал откако бил ранет од израелската полиција бидејќи медицинските екипи не можеле да стигнат на местото на настанот.

На социјалните мрежи беше споделена снимка од израелска полицајка како отвора оган врз момче кое лежело веќе повредено на земја.

You may also like