За само девет часа, кинески бренд продаде производи во вредност од 22,6 милијарди долари

by Administrator

Кинескиот „Singles Day“, ден како американскиот “Црн петок” на САД, промовиран од претседателот „Алибаба“ и извршниот директор Даниел Жанг (Daniel Zhang). Е 24-часовен он-лајн шопинг кој започна во 2009 година бележи со тенденција да стане најголем настан за малопродажба ширум светот, пренесува Ројтерс.

Исто така познат под името „Двојно единаесет“ (Double Eleven), името на фестивалот потекнува од календарски датум, 11 ноември, со четири единици (11/11) што означуваат статус на самец.

Алибаба забележа продажба од 30 милијарди американски долари на своите платформи минатата година на Singles Day, и заработи 7,9 милијарди американски долари набавки преку Интернет. Минатогодишниот раст на продажбата на овој ден беше 27 проценти, што е најниско во 10-годишната историја на овој настан, што ги поттикна организаторите да дојдат до нови идеи.

Така, овогодинешниот 24-часовен шопинг фестивал започна со настап на американската поп-звездаТејлор Свифт, како и локални популарни звезди.

Продажбата достигна 1 милијарда американски долари во првата минута и осум секунди, а за само еден час достигна и 84 милијарди јуани, што е за 22 проценти повеќе од 69 милијарди јуани забележани во првиот час минатата година.

Алибаба рече дека очекува повеќе од 500 милиони корисници да учествуваат на овој шопинг настан, или околу 100 милиони повеќе од 2018 година, оваа година, пренесува Б92

You may also like