Западен Брег: 11 Палестинци повредени во израелски напади

by Administrator

Единаесет Палестинци се повредени во новите израелски напади на окупираниот Западен Брег во неделата, соопшти Министерството за здравство, јавува „Anadolu Agency“.

Палестински извори соопштија дека израелските сили привеле 21 лице, од кои 15 во градот Џабад, јужно од Џенин.

Во соопштението на израелската армија се наведува дека за време на операцијата во Џабд се уапсени осум осомничени и запленето оружје.

Рациите, денес се случија еден ден откако израелските сили убија припадник на групата Исламски џихад за време на рацијата во бегалскиот камп Џенин во саботата.

Израелската војска често спроведува обемни кампањи за апсење низ окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим под изговор дека трага по „барани“ Палестинци.


„AA“
„Dubai-Portal“

You may also like