Познатиот либански фудбалер кој три пати ја освојуваше титулата во домашниот шампионат, Мухаммед Атви (33) им подлегна на повредите на главата кои ги здоби минатиот месец кога беше погоден од залутан куршум.
Атви е застрелан во моментите кога поминувал покрај погребна поворка, од каде е и испукан куршумот кој го погодил несреќниот фудбалер. Пукањето од огнено оружје за време на погребите и прославите се традиција во Либан.
Несреќниот настан се случил минатиот месец во Бејрут за време на погребот на една од 200. жртви од страшната експлозија која разнесе цел кварт во главниот град во Либан, а полицијата сè уште не успеала да ги идентификува одговорните за смртта на фудбалерот.
„Со неверување и тага, бордот на нашиот клуб рагува поради смртта на еден од синовите на Ансар, Мухаммед Атви. Со неговата смрт не загуби само неговото семејство туку и клубот бидејќи тој заземаше посебно место во срцата на навивачите кои во Атви препознаа лидер и фудбалер кој му даде многу на Ансар“, стои во соопштението на Ансар, клубот во кој Мухаммед Атви играше десет сезони (2008-2018).
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=sTt4b_Ikw_E[/embedyt]
SlobodenPecat
