Железничка несреќа во Италија: Загинаа 2 лица

by Administrator

РИМ (АА) – Две лица загинаа како резултат на излегувањето од шините на супербрз воз, кој сообраќаше меѓу градовите Милано и Салерно во Италија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според вестите на италијанските медиуми, возот што сообраќал на релацијата Милано – Салерно, од шините излегол во подрачјето на Лоди, што се наоѓа во близина на Милано.

Според првичните сознанија, во несреќата загинале двајца машинисти, додека околу 30 лица биле повредени.

Железничката линија меѓу Милано и Болоња е затворена за сообраќај поради оваа несреќа, а во тек се операциите за давање прва помош.

Се вели дека продолжува полициската истрага во врска со овој случај.

You may also like