Ерменија повторно изврши ракетен напад врз градот Генџе: Загинаа 7 цивили, а 33 мина се ранети

by Administrator

Ерменската армија продолжува да го прекршува постигнатиот привремен прекин на огнот со Азербејџан кој стапи во сила вчера напладне.

Повторно се погодени цивилите.

Во последните извршени напади од страна на ерменските сили загинаа 7 азербејџански цивили, а 33 цивили се ранети.

Ерменската армија синоќа изврши ракетни напади врз азербејџанските градови Генџе, Берде, Тертер и Мингечевир.

Во објавеното соопштение на азербејџанското Министерство за одбрана преку социјалната мрежа Твитер се истакнува дека во извршениот ракетен напад од страна на Ерменија врз Генџе, вториот по големина град на Азербејџан, загинаа 7 цивили, а 33 цивили се ранети.

Во соопштението се вели дека меѓу ранетите има и деца и дека во нападот се оштетени и повеќе од 30 куќи и над 50 работни места.

На нападот не задоцни и одговорот со противнапад на азербејџанската армија.

Ерменската армија повторно изгуби голем број свои војници и воена опрема и оружје, по што беше принедна да се повлече.

Во противнападот на азербејџанската армија се убени 38 ерменски војници, а се уништени и 5 тенкови Т-72, 6 хаубици Д-20 и Д-30, 3 ракетни системи „Град“, 5 камиони со муниција, 11 автомобили, 5 самоодни хаубици „Гвоздика“, 8 противвоздушно одбранбени системи и една радар станица.

Како што се истакнува, ерменските сили се во паника и дезертираа војниците од првиот, петиот и деветиот ерменски моторизиран пешадиски полк.

Азербејџанските сили за воздушна одбрана соборија и едно ерменско беспилотно летало кое леташе над градот Мингечевир.

Меѓу убиените ерменски војници се наоѓа и Александр Арутјунјан кој учествувал во извршениот геноцид во Хоџали и кој е член на терористичката организација Асала.

Азербејџанскиот потпретседател Хикмет Хаџиев информира дека Ерменија која се обиде да изврши напад претрпе тешки загуби во Џебраил и Хадрут и ерменските сили се повлекоа.

Хаџиев воедно истакна дека под името на хуманитарна помош на Ерменија и се доставуваат ракетни системи.

Trt

You may also like