Претседателот на Република Турција и лидер на турската владејачка Партија за правда и развој (АК партија) денеска ја претстави програмата на политичката партија пред локалните избори што ќе се одржат во Турција на 31 март, јави агенцијата Анадолу (АА).
https://www.facebook.com/akparti/videos/594783664304009/?t=25
Предизборната програма на АК Парију Ероган презентирана во Спортскиот центар во Анкара.
Програмата содржи 11 поглавја и се однесува на планот за развој на локални заедници, инфраструктура, транспорт, програми за животна средина, урбанизација, администрација и други области кои се важни за локалните власти.
Ердоган објави дека Турција ќе ги спречи непланираните урбанистички настани на краток и на долг рок.

“‘Ќе ја зачуваме едноставноста и елеганцијата на селџучката османлиска архитектура, а во исто време ќе ја застапуваме модерната линија за изградба”, рекол Ердоган.
Вкупно 13 политички партии ќе учествуваат на локалните избори во Турција на последниот ден од март. За петгодишен мандат, гласачите ќе избираат градоначалници и собранија во 1.388 општини и носители на градски власти.
