ЕРДОГАН: Турција стои на своите нозе, и на никого нема да му падне на колена

by Administrator

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во Анкара изјави дека Турција стои на своите нозе и дека неговата земја нема да му падне на колена, објави агенцијата Анадолу (АА).
Ердоган денеска во Анкара зборувал на состанокот со претставниците на Партијата за правда и развој (АК партија), а во таа прилика се осврнал и на тековните настани. Во фокусот на говорот на Ердоган имаше актуелните манипулации околу состојбата во турската економија.
Како што рече, развојот на девизниот курс на турската лира не може да се објасни само од економски причини.
“Кога ова ќе го кажам на ниту било кој начин не сакам да бегам од одговорност, ние само ја вршиме проценката на моменталната ситуација. Изјавите на оние кои се во карактерот на оваа криза јасно покажуваат дека проблемот ескалираше врз основа на разни причини и мотиви”, истакнал Ердоган. :
“Ние никогаш не смееме да заборавиме еден факт, а тоа е дека секоја криза носи со себе многу можности”.
Ердоган, исто така, истакна дека како верува дека турскиот приватен сектор има способност да ја претвори сегашната криза во можност.
“Преку нашите решенија и нашите програми, ќе ја доведеме нашата земја кон целта. Турција е земја што стои на нозе и нема никому да му падне на колена”, истакнал Ердоган.
Ердоган, исто така, зборувал за борбата против тероризмот и рекол дека Турција цврсто ќе продолжи со борбата на овој план.
“Ќе ги уништиме сите терористи во Кандил и Санкар, тие ќе бегаат а ние ќе ги гонеме, нема да имаат сила да го нарушат мирот и благосостојбата на овој народ”, изјавил турскиот претседател Ердоган.

You may also like