Ердоган: „Со изградбата на новите болници, Истанбул стана меѓународен здравствен центар“.

by Administrator

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска на церемонијата на отворање на болницата „Бор и јапонска цреша“ во Башакшехир, пресекувајќи ја црвената лента изјави дека со изградбата на новите градски болници, Истанбул станал меѓународен здравствен центар, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган изјави дека болницата која е проект на турската здравствена корпорација „Ронесанс“ и јапонската корпорација „Соџитс“, претставува надополнување на длабоко вкоренетото и мултидимензионално турско-јапонско пријателство.

Тој рече дека болницата претставува еден од гордите споменици на Истанбул, не само во однос на естетиката, туку и со својата технолошка инфраструктура, придружните згради, локацијата, објектите и другите карактеристики.

„Ваквите болници го ставаат Истанбул на меѓународната карта во однос на здравствената заштита“, додаде тој.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе исто така се приклучи на церемонијата за инаугурација на болницата преку видеолинк.

„На жителите на Истанбул им посакувам да им донесе здравје болницата која го носи името бор кој е симбол на здравјето и сакура [јапонска цреша], која е симбол на Јапонија“, изјави Абе.

Anadolu

You may also like