Европскиот парламент денеска гласаше за Резолуција за Србија во која се изразува жалење поради фактот што Србија не воведе санкции кон Русија.
Со оваа Резолуција Србија се потсетува дека како земја кандидат за членство во Европската унија (ЕУ) мора да се придржува до принципите и политиките на ЕУ.
– Неприфатливо е усогласувањето со автократскиот режим кој ја поттикнува војната – се наведува во усвоената Резолуција, а се осудуваат блиските односи на Србија со Русија.
Се наведува и дека Србија ги почитувала релевантните резолуции во Генералното собрание на Обединетите нации и суспензијата на Русија од Советот за човекови права. Сепак, жали поради фактот што Србија постојано не ги почитува рестриктивните мерки на Европската унија (ЕУ) против Русија.
