42
Спортскиот комитет на Сојузната држава Невада (NSAC) изрече остри казни за рускиот мајстор на мешани боречки вештини, Хабиб Нурмагомедов и неговиот ирски ривал, Конор Мекгрегор, за инцидент што се случи после нивниот меч за појасот УФЦ првак во лесна категорија, објави агенцијата Анадолу (АА).
Во соопштението на (NSAC) се наведува дека на Нурмагомедов му е изречена суспензија во траење од девет месеци и парична казна од половина милион долари.
Од друга страна, Ирецот Мекгрегор е суспендиран на шест месеци и ќе плати парична казна од 50.000 долари.
