ЕВРО 2020: Холандија против Чешка – Белгија против Португалија

by Administrator

Нови два натпревари ќе се одиграат денес во рамките од 1/8 финалето на ЕВРО 2020 . Во центарот на вниманието е дуел на фаворитите и гигантите каде играат европскиот првак Португалија против Белгија на стадионот во Севиља.

Станува збор за две репрезенатции кои важат за фаворити за освојување на пехарот. Белгија важи за главен фаворит, со оглед на добрата игра во групата каде забележа три победи од три меча, но Португалија сигурно нема така лесно да се откаже од пехарот кој го брани. Натпреварот почнува во 21 часот.

Претходно во 18 часот се среќаваат Холандија и Чешка во Будимпешта. Холанѓаните важат за големи фаворити на овој меч. Ја завршија групата каде беше и нашата селекција со три победи од три меча, додека Чесите освоија четири бода (три со Шкотска и еден со Хрватска). и сигурно ќе ја бараат шансата против селекцијата која засега е максимална на ЕП, но има свои слабости.


 

You may also like