Европол разби Балкански криминален ланец: “Падна“ еден тон кокаин и три милиони евра

by Administrator

Со меѓународна операција  разбиен е Балкански криминален ланец, кој со приватни авиони превезувал кокаин од Јужна Америка во Европа, денеска соопшти денеска европската полициска агенција Европол.

Во акцијата “Фамилија” беа приведени вкупно 16 лица, од кои 11 во Европа, Хрватска, Чешка, Србија и Швајцарија, како и пет во Хонг Конг. Полицијата запленила повеќе од тонд кокаин, повеќе од 600 килограми во Швајцарија и 421 килограм во Хонг Конг.

Во Хрватска, Чешка, Србија, Словенија и Швајцарија се запленети се два милиони евра, како и скапоцени предмети во вредност поголема од милион евра (часови, луксузни возила).

Оваа операција била дел од пошироката европска стратегија против Западнобалканската мрежа на организирана криминал, позната под името Балкански картел и нејзините топ мети, координирана од Хрватска, поддржана од властите надлежни за спроведување на законите од ЕУ и од западниот Балкан, како и американската ДЕА, како и Европол.

Извор:faktor.ba

You may also like